Беше шампион во Премиер лигата, а сега работи на градилиште

132

Дени Дринквотер (34) беше дел од тимот на Лестер Сити кој во сезоната 2015/16. изненадувачки ја покори конкуренцијата во Премиер лигата и ја освои титулата со десет бодови предност пред второпласираниот Арсенал. Само две години пред тоа, со Лестер, тој обезбеди пласман од Чемпионшип во Премиер лигата. По освојувањето на титулата, тој се проби во англиската репрезентација, а малку подоцна го реализира трансферот вреден 37,9 милиони евра во Челзи. Точно дека звучи чудно но денес, Дени работи на градилиште.

По бајката со Лестер, падот на Дринквотер започна со преселба во Челзи, каде што не успеа да избори место во тимот. Повредите почнаа да го забавуваат, беше испратен на позајмица и кариерата му заврши во 2022. Во меѓувреме имаше проблеми и со законот.

Покрај тешката фудбалска ситуација, тој имаше проблеми и во приватниот живот. Почнал да излегува навечер, а по едно такво излегување заврши во затвор. Тој доживеал сообраќајна незгода по која бил уапсен и поради која му била одземена возачката дозвола 20 месеци.

Две години подоцна тој ги изненади своите следбеници на Инстаграм со објава од неговото ново работно место. Некогаш одличниот играч за врска постираше фотографија од градилиштето. Очигледно, тоа предизвика негативни коментари и потсмев бидејќи таа приказна ја проследи со друга во која го ископира одговорот на еден од неговите следбеници кој му напиша дека „го допрел дното“. Дринквотер одговори дека градилиштето е негов избор и дека му се допаѓа тоа што го прави.

 

ИЗДВОЕНИ