
Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои 100-та титула во кариерата во Индијан Велс, иако пред само неколку недели се чинеше дека му претстои долга пауза. На Отвореното првенство на Австралија, тој го предаде полуфиналниот меч против Саша Зверев, откако се повреди во победата над Карлос Алкараз, а видеото од повредата што го објави го шокираше дури и Енди Родик.
Од друга страна, целиот свет остана шокиран кога шпанските медиуми објавија видео на Ѓоковиќ од аеродромот. Српскиот тенисер имаше потешкотии со одење, па многумина беа загрижени дека ова е обновена повреда поради која ќе мора да направи уште една пауза. За среќа, тоа не беше случај, а Новак објасни што всушност се случило.
“Беше навистина непријатно да се види таа снимка, бидејќи многу силно го удрив зглобот кога излегував од аеродромот. Беше многу рано наутро, околу 4-5 часот, а јас само куцав бидејќи навистина ме болеше. Тоа е се. Луѓето веднаш го поврзаа со повредата и мислеа дека нешто повторно се искомплицира, но не беше така”, рече Новак.
Многумина тогаш се прашуваа дали Новак ќе биде подготвен за турнирите во САД. Ѓоковиќ оваа сезона реши да игра со Индијан Велс и Мајами, што не го играше често во последните години, но сега е идеална можност да освои голем број поени на американските тврди терени, да се доближи до светскиот врв и да ги зголеми шансите на грен слем турнирите.