Бесценет потег на популарната пејачка Адел: Го прекинала сопствениот коцерт во Минхен заради преносот на финалето на женската трка на 100 метри на ОИ

364
epaselect epa11470953 English singer-songwriter Adele attends the UEFA EURO 2024 semi-finals soccer match between Netherlands and England, in Dortmund, Germany, 10 July 2024. EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Видеата споделени на социјалните мрежи покажуваат како британската пејачка Адел го паузирала концертот и го проследила финалето на Олимпијадата на 100 метри на голем видео ѕид.

Адел ги воодушеви обожавателите со преносот на полуфиналето и финалето на Олимписките игри на 100 метри за спортистки на концертот во Минхен.

Полуфиналето се пренесуваше на преполн стадион, а финалето беше прикажано неколку часа подоцна, во живо од Париз.

Во финалето златото го освои Џулиен Алфред од Сент Лусија, додека Американката Шакари Ричардсон го освои сребрениот медал.

Овој месец пејачката има десет концерти во германскиот град во специјално адаптирана арена со капацитет од 80.000 луѓе на вечер.

Таа мораше да го прекине својот прв концерт во Минхен за да и помогнат да го отстрани делот од фустанот кој ѝ беше влажен од силниот дожд. Добитничката на 16 Греми во јули објави дека ќе направи „голема пауза“ од музиката по серијата претстојни настапи, пренесува dayFREURO.