Беровските пожарникари добија нова работна опрема.
Таа се состои од униформа и од обувки и со неа значително ќе им се олесни извршувањето на работните задачи.
Новата работна опрема ќе ја користат за гаснење пожари на отворен простор во урбаните и во руралните средини и ќе биде од голема корист за ТППЕ Берово, со што ќе се унапредат нивните безбедност и функционалност и значително ќе се олесни начинот на справување со предизвиците.
Опремата е во вкупна вредност од 399.500,00 денари, кои ќе бидат исплатени од буџетот на Општина Берово за 2025 година.