Беровскиот пазар ќе добие пристапни скали и рампа

26

Во Берово почнаа активности за партерно уредување на просторот околу градскиот пазар.

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, информираше дека е во план да се асфалтира просторот пред влезот на градскиот пазар, во вкупна површина од околу 1.000 квадратни метри.

– Вложуваме во подобрување на инфраструктурата во градот и во населените места, за сите нас. Во рамките на градежните работи, предвидена е и изградба на пристапни скали и рампа. Со тоа, Берово ќе добие нов уреден простор и подобар пристап до градскиот пазар – истакна Пекевски.

Посочи дека средствата се обезбедени во рамките на објавениот јавен повик на Владата.

– Активноста се финансира преку инфраструктурни проекти од програмата АА- Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа, согласно со измените и дополнувањата на буџетот на Владата, капитални проекти од областа на транспортот за 2024 година – додаде Пекевски.

За реализација на активноста се предвидени 2.125.907 денари.

ИЗДВОЕНИ