Бендот „Колдплеј“ го објави својот 10-ти албум, по 12-от заминуваат во пензија/АУДИО

49
Screenshot (Youtube/Coldplay)

Британскиот бенд „Колдплеј“ го објави новиот албум „Moon Music“. Ова е јубилеен, десетти албум кој пристигна по успешната турнеја и албумот „Music of the Spheres“ од 2021 година.

На новиот албум има десет песни, а тој е спој на алтернативен рок и поп. Песните на албумот се: „Moon Music“, „Feels Like I’m Falling in Love“, „We Pray“ (Little Simz, Burna Boy, Elyanna и TINI), „Jupiter“, „Good Feelings“ ( Ayra Starr ), „Alien Hits/Alien Radio“, „iAAM“, „Aeterna“, „All My Love“ и „One World“.

Фронтменот на овој бенд, Крис Мартин, зборувајќи за насловот на албумот рече дека се однесува на прифаќање на различни животни фази. Песната од овој албум „Feels Like I’m Falling in Love“ беше претставена уште во јули. Во интервју за Apple Music, Мартин претходно изјави дека бендот се подготвува за пензионирање и дека 12-тиот албум ќе им биде последен.

Компанијата за лиценцирање музика PPL го прогласи Coldplay за најслушана британска група на 21 век. Емитувани се 40.000 пати повеќе на британските радио станици и телевизии од класичните рокери како што е Квин, кои беа на второто место.