Репрезентативецот на Алжир и сега веќе поранешен фудбалер на калчо гигантот Милан, Исмаел Бенасер, до крајот на актуелната сезона ќе настапува како позајмен фудбалер во дресот на францускиот прволигаш Олимпик од Марсеј. За 6-месечната позајмица тимот од „Велодром“ ќе одвои околу 2 мил. евра, а Марсеј ќе има право да го откупи неговиот договор со понуда не помала од 11 мил. евра.