Бен Афлек очајно гледа во огнот кој голта се пред себе во близина на неговиот дом/ФОТО

1351
EPA-EFE/ALLISON DINNER

Познатиот актер Бен Афлек (52) го дочека неверојатна глетка кога се врати дома во западниот дел на Лос Анџелес.

Холивудската ѕвезда е видена како вози до својот изнајмен стан откако се раздели со сопругата Џенифер Лопез.

Папарацо фотографите го снимиле неговиот шокиран израз кога ги видел последиците од големиот шумски пожар кој голта се пред себе.

Освен што уништи неколку домови во луксузниот кварт, пожарот предизвика и откажување на неколку холивудски премиери, вклучувајќи ја и промоцијата на последниот филм на неговиот поранешна сопруга Џенифер Лопез, филмот „Unstoppable“. Афлек е продуцент на филмот, заедно со неговиот најдобар пријател Мет Дејмон, но не е познато дали планирал да присуствува на премиерата.

Бен живее во комшилук со многу познати личности, како Том Хенкс, Рис Витерспун, Адам Сендлер…

Актерот Џејмс Вудс претходно, исто така, сподели видео од пожарот на својот Инстаграм профил и откри дека бил принуден да се евакуира.

ИЗДВОЕНИ