„Џуд Белингем за еден месец од суперѕвезда стана жртвено јагне“, пишува „Гол“.

Ова пред се се однесува на лошите партии кои ги одигра во дресот на Англија, а претходно беше главна ѕвезда во редовите на Реал Мадрид на патот кон титулите во Лигата на шампиони и домашната Ла Лига.

Рака на срце, Белингам беше можеби и насветлата точка на Англија , селекција која го освои второто место на ЕП, зад шампионот Шпанија. Но, Англичаните целосно разочараа со играта, бидејќи само среќа и ништо друго ги однесе во финалето, односно изгледаа очајно на теренот.