
Овогодинешниот Белградски маратон, кој по 38-ми пат ќе се одржи на 6. април, најверојатно ќе биде целосно во духот на слоганот – „Секогаш може повеќе“. Она што веќе со сигурност може да се каже е дека најмасовниот трчачки настан во регионот повторно ќе го собори рекордот по број на учесници, со оглед на тоа што, според организаторите, досега се пријавени повеќе од 13.500 тркачи.
Исто така, конкуренцијата меѓу елитните тркачи во полумаратонските и маратонските трки ќе биде исклучително силна и во двете конкуренции, па се очекува атак на рекордите на патеката.
„Имаме значителен број на многу квалитетни тркачи на долги патеки од Кенија и Етиопија, а повеќето од нив имаат време под два часа и 10 минути на растојание од 42 километри. Обезбедивме и многу добри пејсмејкери и за маратонските и за полумаратонските трки, така што се надеваме дека оваа година би можеле да добиеме нови рекордери за маратонот и полумаратонот, рече Марко Мартиновиќ директор на Белградскиот маратон.
Исто така, добро е познато дека Белградскиот маратон е многу тежок и често непредвидлив, но од наша страна, како организатори, направивме максимални напори да ги обезбедиме најдобрите можни услови Трките околу патеката ги следеа 5 илјади луѓе, се надеваме дека овој пат таа бројка ќе биде уште поголема и дека ќе биде дополнителен ветер во грбот на натпреварувачите за постигнување на најдобри времиња“, заклучи Маринковиќ.
Организаторите на Белградскиот маратон посебно нагласија дека бројот на учесници е ограничен на 14.000. Пријавувањето за трката на 10 километри е затворено пред десетина дена, а остануваат уште многу малку места за полумаратонските и маратонските трки.