Белград врие! Пристигнаа колони трактори, подготвени вреќи со камења… Вучиќ: „Претседателот не можете да го смените!“/ВИДЕО

5804

„Најмасовниот студентски протест во Белград, на кој ќе му се придружат граѓани од цела Србија“, е најавен за утре како кулминација на незадоволството од српскиот претседател Александар Вучиќ. Протестите започнаа по уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица. Во протестите што почнаа по споменатата трагедија, студентите и значителен број српски граѓани, меѓу другото, бараат пристап до целата документација за реконструкција на зградата на станицата бидејќи се убедени дека властите ја кријат вистината, пишува „Јутарњи лист“.

Вучиќ и неговите приврзаници, меѓу кои се и владејачката СНС, медиумите, па дури и Српската православна црква, ги обвинуваат студентите за „уништување на Србија“.

Српскиот парламент ќе биде затворен до понеделник поради „безбедносни причини“

Во текот на ноќта трактори се паркираа во Пионерскиот парк, каде со денови престојуваат студенти. Нова.рс јавува дека голем број од овие трактори немаат регистрација или е скриена. Според медиумот, овие возила служат само за зголемување на притисокот, поттикнување страв од радикализација на протестите и остри судири, за да се намали бројот на луѓе на утрешниот протест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Danas (@danas.rs)

Студентите кои три и пол месеци ги блокираат факултетите, во пресрет на протестот закажан за утре, апелираа до Министерството за внатрешни работи до денеска да ја отстрани шаторската населба од Пионерскиот парк и да спречи нејзино повторно поставување до 16 март.

Во рамките на подготовките за утрешниот протест, граѓаните поставија вреќи со камења по улиците. Активистите претходно апелираа до градските власти да ги отстранат бетонските блокови од плоштадот Никола Пашиќ поради загриженоста за безбедноста на граѓаните за време на протестите. На социјалните мрежи се објавени неколку видеа на кои се гледа како некои луѓе носат цигли до Пионерскиот парк.

Во пресрет на протестите се огласи и претседателот Александар Вучиќ кој за РТС изјави дека нема да има преодна влада. Тоа, според него, би бил крајот на модерна, успешна и просперитетна Србија. Тој за утрешниот протест рече дека „ќе се направат најтешките злосторства врз Република Србија“ и побара од студентите да не учествуваат во насилство. Тој посочи дека насилството нема да може да се избегне.

Вучиќ вели дека за новиот мандатар ќе се разговара само откако ќе биде потврдена оставката на премиерот Милош Вучевиќ. Тој со Уставот е овластен да предложи мандатар, но вели дека нема да дозволи формирање преодна влада додека е жив.

– Јас сум единствениот кој може да го направи ова на уставен и законски начин. Верувам дека преодна влада би била смрт на Србија, крај на модерна, успешна и просперитетна Србија. И да бидам искрен, мислам дека тоа би значело враќање на власт без избори и без волјата на народот, оние кои се најлошите во нашата земја“, рече Вучиќ, молејќи ги младите да не учествуваат во насилство.

Од безбедносни причини: Амбасадата на САД издаде предупредување поради протестите во Белград

– Не дозволувајте Ѓилас, Миливојевиќ и сите други да ве користат за своите валкани политички цели. Немојте. Ова е мое барање како претседател на Републиката, не за мене. Затоа што не можете да го смените претседателот. Ова го барам за вас, деца. Ова го барам за вас, затоа што треба да знаете“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека утрешниот протест е „напад врз уставниот поредок на Република Србија“. Тој најави дека насилството нема да може да се избегне и веќе се направени планови, а државата ќе ги штити институциите и ќе го зачува мирот. Тој посочи и дека утрешниот протест е незаконски бидејќи не е пријавен кај надлежните.

– Ќе се обидеме оние кои планираат насилство да бидат приведени пред митингот. Проценувам дека ќе дојдат меѓу 60.000 и 80.000 луѓе, можеби и помалку од цела Србија. Тоа е голема бројка, а сите кучиња во глутницата се силни. „Не се само студентите кои не сакаат насилство“, изјави Вучиќ за РТС.

Тој додаде дека студентите сигурно ќе изгубат една година и најави дека ќе ги уапси и гони сите бунтовници.

ИЗДВОЕНИ