Белгија издаде предупредување дека пронашла кадмиум во замрзнати малини со потекло од Србија, објавено е на веб-страницата на Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна (RASFF).
Како што е наведено, конзумирањето на ова овошје би имало потенцијално сериозен ризик по здравјето, бидејќи како што вели веб-страницата на RASFF, кадмиумот е еден од тешките метали.
Дистрибуцијата на споменатите малини била ограничена на земјата известувач, односно Белгија, а проблемот го констатирала компанијата која ги дистрибуира на пазарот, пренесува Данас.