Планината Беласица да се прогласи за заштитено подрачје категорија 5, односно заштитен предел во согласност со Законот за заштита на природата, предлагаат од Движењето ЗНАМ, чија пратеничка група ќе ја достави иницијативата до Министерството за животна средина и до Владата.
– Планината Беласица се наоѓа во југоисточниот регион на нашата држава и припаѓа на три држави. Во Република Грција, таа е прогласена за Национален парк, а во Република Бугарија за заштитено подрачје. Меѓутоа, во Македонија сè уште досега немало политичка волја да се прогласи за заштитено подрачје – истакна пратеникот на Движењето ЗНАМ, Миле Цеков
Планината Беласица да се прогласи за заштитено подрачје категорија 5, односно заштитен предел во согласност со Законот за заштита на природата, предлагаат од Движењето ЗНАМ, чија пратеничка група ќе ја достави иницијативата до Министерството за животна средина и до Владата.
– Планината Беласица се наоѓа во југоисточниот регион на нашата држава и припаѓа на три држави. Во Република Грција, таа е прогласена за Национален парк, а во Република Бугарија за заштитено подрачје. Меѓутоа, во Македонија сè уште досега немало политичка волја да се прогласи за заштитено подрачје – истакна пратеникот Миле Цеков во најавата. Појасни зошто ја поднесуваат иницијативата и дека истата е заснована на неколку факти.
Тој потенцира дека во прилог на нивната иницијатива ја доставиле и валоризираната студија на група експерти поддржана од УНДП за потребата од прогласување на планината Беласица за заштитено подрачје.
– Планината Беласица располага со големо природно и културно богатство, огромен потенцијал за развој на еко-руралниот туризам – рече Цеков кој очекува иницијативата да биде поддржана од страна на Владата.