Бела Хадид се покаја за контроверзната реклама: „Секогаш сум за мир и против насилство“

91

Бела Хадид конечно проговори за нејзината вмешаност во контроверзната реклама на Адидас на тема Олимписки игри во Минхен, која налути огромен дел од јавноста.

Манекенката и активистка објави порака на својот Инстаграм профил во која ја изразува својата „разочараност од недостатокот на чувствителност“ и начинот на кој таа влезе во кампањата.

„Никогаш не би се вклучила свесно во каква било уметност или дело поврзано со ужасна трагедија од кој било вид“, напиша Бела.

Хадид тврдеше дека „не знаела ништо“ за поврзаноста на рекламата со Олимпијадата во Минхен во 1972 година.

На почетокот на овој месец, брендот објави реклама во која Хадид држи патика од 70-тите во чест на 52-годишнината од Олимпијадата во Минхен.

Тие летни игри беа нарушени со трагедија, кога палестинска милитантна група уби 11 израелски спортисти и еден германски полицаец – пишува порталот Page Six.

Хадид жали што не била доволно упатена.

„Мојот тим требаше да знае, Адидас требаше да знае, а јас морав да направам повеќе истражување за да можам да знам и да разберам и да зборувам“, додаде Хадид.

Адидас веќе се извини за кампањата и „негативното влијание“ што го имаше врз Хадид (27) и другите вклучени модели.

Секогаш ќе се залагам за мир, а не за насилство, секој ден“, заклучи Бела.