Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа втората победа во регионалната АБА2 лига, откако на гостински терен го совладаа Тиват со 70:65 во рамки на 5 коло во групата А. И покрај победата, македонскиот шампион ги загуби сите шанси за пласман во плејофор, откако неколку часа порано Хелиос Домжале „изненадувачки“ загуби дома од Цедевита јуниор со 78:80, и со тоа овие две екипи ги потврдија првите две места во групата.
МЗТ Скопје ќе ја заврши групната фаза на третото место во групата А во која во последниот натпревар без резултатско значење ќе игра против Цедевита јуниор на 19 декември на домашен терен.
Нов пораз во ова натпреварување запиша и Пелистер, кој загуби на гости кај Широки Бријег со убедливи 93:73.
Ниту третиот наш претставник, тимот на Работнички, нема никакви шанси за прогрес, со оглед на петте порази на исто толку натпревари, само покажуваме на кое ниво е достигната македонската клупска кошарка.