Бебето го смени Де Ниро на 81 година: „Не гледам филмови, зафатен сум со детски емисии и музика“

40

The Wiggles и „Ms. Рејчел – тоа сега го гледа Роберт де Ниро. The Wiggles се детска музичка група од Австралија, а „Ms. Рејчел“ е емисија на YouTube за мали деца.

До пред нешто помалку од две години, ветеранот никогаш не ни слушнал за нив. И тогаш се роди неговата ќерка Џиа.

Де Ниро на 81 година научи да ги слуша најмладите. На „The Scott Mills Breakfast Show“, актерот призна дека повеќе не гледа толку многу филмови колку што треба, бидејќи е зафатен со гледање вести или телевизиски емисии со својата ќерка.

„Не ни знаев за некои од овие работи додека не почнав да ги гледам на екранот, а ќерка ми сака да ги гледа. Тие се одлични“, додаде Де Ниро.

Оскаровецот има седум деца.

Тој се ожени во април 2023 година со девојката Тифани Чен.

„Таа е толку прекрасно бебе. Кога ќе ја погледнам, се друго исчезнува. „Значи, голема радост и олеснување е да се биде со неа во овој момент“, изјави претходно Де Ниро.

ИЗДВОЕНИ