Бебе родено на лет од Дакар за Брисел: „Добредојде, малечка. Се надеваме дека еден ден повторно ќе леташ со нас“ (ФОТО)

316

На лет на Брисел еллајнс од сенегалската престолнина Дакар за Брисел, патница пред неколку дена родила девојче, соопштија од авиокомпанијата.

Жената, која била во 32 недела од бременоста, почувствувала силна болка во долниот дел од стомакот набрзо по полетувањето и побарала помош од персоналот во кабината. За среќа, меѓу патниците имало лекар и медицинска сестра кои ѝ помогнале на трудницата.

„Првото нешто што го помислив беше: „Ох, таа нема да се породи во авионот“, изјавила 22-годишната медицинска сестра за весникот „Браселс монинг“.

Пилотот го заврштел авионот, но небрзо потоа на трудницата ѝ пукнал воденикот и почнало пораѓањето.

„За среќа се помина лесно. Жената се чувствуваше добро. Се породи во авионот без лекарства против болки“, додала медицинскта сестра. Се роди девојче по име Фанта.

Авиокомпанијата на социјалните мрежи сподели фотографија од среќната стјуардеса со тукушто роденото бебе во прегратка, а покрај неа и мајката на девојченцето.

„Добредојде на овој свет, малечка Фанта. Се надеваме дека еден ден повторно ќе дојдеш во нашите авиони“, пишува под фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brussels Airlines (@flyingbrussels)

ИЗДВОЕНИ