Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ го започна процесот на целосна замена на својата флота со посовремени авиони „Ербас А321нео“ во своите бази во Скопје и Белград.
– Оваа транзиција, која е дел од долгорочната стратегија на компанијата, се спроведува по неколкумесечни предизвици предизвикани од глобалните проблеми со моторите на Pratt and Whitney GTF, што во втората половина од минатата година доведе до привремено заземјување на дел од семејството А320нео – пишува ExYuAviationNews.
Замената на постарите авиони А320 веќе започна во Белград, а процесот ќе биде заокружен со пристигнувањето на четвртиот авион А321нео во јуни оваа година. Белградскиот аеродром веќе објави дека оваа промена ќе овозможи капацитетот на „Визер“ на српскиот пазар да се врати на нивото од 2023 година.