EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Кошаркарот Николас Батум се врати во Лос Анџелес Клиперс, а тој НБА клуб потпиша договор и со Кевин Портер.

Батум минатата сезона одигра 60 натпревари за Клиперс и Филаделфија и имаше просек од 5,3 поени, 4,1 скока и 2,1 асистенции по натпревар. Тој беше дел од трејдот што го донесе Џејмс Харден во Клиперс.

Харден, кој беше слободен играч доби двегодишен договор, а Клиперси овој пат објавија дека останува.

Триесети и петгодишниот француски кошаркар Батум е еден од седумте активни НБА играчи со 10.000 поени, 5.000 скока и 1.500 тројки. Тој не сакаше да ги напушти Клиперси, а изјави дека тренерот Тајрон Лу му ја спасил кариерата.

Портер минатата сезона играше за ПАОК во Грција и имаше просек од 22 поени, 9,3 скока, 6,8 асистенции и 2,8 украдени топки по натпревар.