Голден sтејт претходната вечер го совлада Чикаго со 132:111, а натпреварот го одбележа дебито на Џими Батлер во дресот на „воините“.

Поранешната суперѕвезда на Мајами блесна во првиот настап за клубот од Сан Франциско, а натпреварот го заврши со 25 поени, два скока и четири асистенции.

Веднаш беше јасно дека тој и Стеф Кари можат да бидат застрашувачки тандем оваа сезона. Доаѓањето на нов соиграч го инспирираше Кари, кој беше незапирлив на овој меч. Тој постигна 34 поени и забележа четири скока и шест асистенции.

Најефикасен кај поразениот тим беше Коби Вајт со 27 поени.

 

ИЗДВОЕНИ