Бразилскиот талент Габриел Бортолето (20) ќе дебитира во Формула 1 во 2025 година како нов возач на Заубер, потпишувајќи повеќегодишен договор. Тој беше шампион во Ф3 и е лидер во Ф2-шампионатот, а тимски колега во Заубер/Ауди, во следната сезона, ќе му биде Нико Хулкенберг.

  • Габриел покажа дека има потенцијал да успее во Формула 1. Многу сме возбудени што ќе стане дел од тимот кој, заедно со Ауди, ќе создаде нова приказна во мотоспортот. Со комбинацијата Бортолето – Хулкенберг, имаме идеална рамнотежа меѓу искуството и младоста – изјави Матија Биното, оперативен и технички директор на Заубер.

Со приклучувањето на тимот на Заубер/Ауди, Бортолето станува првиот бразилски возач во Формула 1 по Фелипе Маса, кој го напушти спортот во 2017 година.