Веќе некое време се шпекулира во кошаркарските кругови дека репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса (25), би можел да го промени тимот. Сепак, сигурно не се очекуваше дека тој ќе биде еден од главните интереси на Барселона.

Да земеме предвид дека во текот на летото, поточно по 30 јуни, кога му истекува договорот, Муса би можел да го напушти Реал Мадрид. Претходните информации што ги објави шпанска „Марка“ беа дека мадриѓани нема да му го продолжат договорот на Муса, што предизвика интерес кај тимовите од Евролигата. И Барселона внимателно следи како се развива ситуацијата, пишува каталонскиот весник „Спорт“.

Исто така, сè повеќе се зборува за заминување на Кевин Пантер од Барселона, со што доаѓањето на Муса е сè поизвесно. Сето ова би отворило можност тимот од Каталонија да испрати добра понуда до Муса и, секако, сето тоа под услов тој да сака да премине во неговите редови.

Сезонава, за нешто повеќе од 21 минута на теренот, Муса има просек од 12,3 поени, 2,9 скока и 1,9 асистенции. Сепак, неговата последна сезона беше значително подобра, кога за исто толку време на паркетот забележа 13,9 поени, 2,8 скока и 2,2 асистенции.

Реал Мадрид го чека грчевита битка за пласман на Фајналфорот во Евролигата и оваа вест, секако, може да предизвика голем револт во соблекувалната на „кралевите“.

Од друга страна, Барселона не е во многу подобра позициј, таа е деветта на табелата и има една победа повеќе или еден пораз помалку од вечниот ривал (14:12).

ИЗДВОЕНИ