Барселона му постави услов на Неимар

54
epa11902194 Neymar of Santos celebrates a goal during a Campeonato Paulista soccer match between Santos and Água Santa, at the Urbano Caldeira Stadium in Santos, Brazil, 16 February 2025. EPA-EFE/GUILHERME DIONIZIO

По агонијата низ која мина во Саудиска Арабија, каде во летото 2023 година потпиша за Ал Хилал, Бразилецот Неимар реши да го раскине договорот и да се врати во Бразил на почетокот на годината.

Во С. Арабија имаше огромни проблеми со повредата на коленото, поради која одигра само седум натпревари за Ал Хилал. Сепак, тој во тој период заработи над 200 милиони евра, што е навистина неверојатно со оглед на тоа колку минути помина на теренот.

По меѓусебниот договорен раскин на соработката, Неимар доби понуда од Сантос да се врати во матичниот клуб, која ја прифати и која брзо се покажа како вистински потег.

Крилниот напаѓач игра многу добро во дресот на бразилскиот клуб и повторно потсетува на старите времиња кога брилјираше во дресот на Барселона и ПСЖ и се чини дека се враќа во старата форма.

Неговата најголема желба е да одигра уште неколку сезони на највисоко ниво и да се врати во Европа, а веќе некое време се пишува дека Неимар сонува да се врати во Барселона и дека никогаш не го преболел тоа што летото 2017 година замина во ПСЖ бидејќи од тогаш неговата кариера тргна во надолна линија.

Шпанските медиуми наведуваат дека Каталонците се подготвени да му дадат нова шанса но само доколку продолжи да игра на највисоко ниво во Сантос.

Наводно, Барселона веќе е во контакт со Неимар и покажа дека е отворена за негово враќање, но претходно тој мора да исполни услов за да може воопшто да разговара за кам-бек.

„Постигнете 15 гола за Сантос и ќе размислиме за вашето враќање во клубот“, наводно му кажала Барселона на Нејмар, а пренесува „Каталонски Спорт“.

Неимар е на добар пат да го постигне она што го бара Барселона, бидејќи веќе успеа да постигне три гола на седум натпревари во дресот на Сантос, а додаде и три асистенции.

Инаку, Неимар играше за Барса од летото 2013 до летото 2017 година и на 186 натпревари постигна 105 голови и додаде 76 асистенции.

 

ИЗДВОЕНИ