Кошаркарите на Барселона на домашен терен го совладаа Панатинаикос со 82:73 во рамки на 21. коло од Евролигата. Барселона до победата ја предводеше Џабари Паркер со 25 поени и осум скока, а го следеа Дарио Бризуела со 15 и Алекс Абринес со 12 поени. Кај гостите од Атина најдобри играчи беа Џериан Грант со 18 и Чеди Осман со 14 коша.

За Барселона ова е 12 победа во Евролига, каде што има и девет порази, а Панатинаикос го запиша осмиот пораз по 21 одигран натпревар.

Денеска на програмата: Фенербахче – Жалгирис (18:45 часот), Црвена звезда – Монако (20:00ч.), Басконија – Панатинаикос (20:30ч.), Баерн – Виртус Болоња (20:30ч.), Барселона – Анадолу Ефес (20:45 ч.).

ИЗДВОЕНИ