Каталонскиот гигант Барселона го игра, можеби, најдобриот фудбал сезонава, па токму затоа е главен фаворит за титулата во Лигата на шампионите и во Ла Лига. Но, лидерот во шпанското првенство може да направи кардинална грешка ова лето. Имено, како што пренесуваат голем број шпански медиуми, се чини дека главниот кандидат за „Златната топка“, Рафиња (28), кој и покрај тоа што ја има најдобрата сезона во кариерата, може да не остане во Барселона. Каталонскиот клуб сака да го продаде и покрај одличните резултати во клубот, во кој е од 2022 година.

Бразилецот оваа сезона одигра 48 натпревари и постигна 30 гола, од кои 12 во Лигата на шампионите и 15 во Ла Лига. Сепак, тоа нема да ја спречи Барселона да најде замена за него. Клубот би можел да стои зад оваа идеја бидејќи Рафиња минатата година беше на прагот на заминување.

Доаѓањето на Ханси Флик го задржа во тимот, и тој ја оправда довербата. Сепак, претседателот на клубот, Жоан Лапорта, и спортскиот директор, Деко, се подготвени да го продадат за понуда од најмалку 85 милиони евра. Мислењето на клубот произлегува од идејата дека сега е вистинското време да се заработат пари, бидејќи е скептичен околу тоа дали ќе успее Бразилецот да ја одржи формата.

Навивачите на Барселона се шокирани од одлуката на клубот и сметаат дека Рафиња треба да добие нов договор. Интерес за Рафиња веќе покажаа Арсенал, Челзи и Ливерпул.

Тој пристигна во Барселона во летото 2022 година, од Лидс, за 58 милиони евра. Барселона моментално е прва на табелата и има 24 победи, четири нерешени и пет порази.

ИЗДВОЕНИ