Фудбалерот на Барселона, Витор Роке до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во Бетис, соопшти клубот од Севиља.
Во соопштението се наведува дека Бетис ќе го задржи правото да го откупи договорот на бразилскиот фудбалер од Барселона на крајот на сезоната.
Роке (19) пристигна во Барселона во 2023 година, а претходно играше за Атлетико Паранаенсе и Крузеиро.
Минатата сезона одигра 16 натпревари за каталонскиот клуб и постигна два гола, пристигна како голема надеж, беше скапо платен, но се покажа како голем неуспех.
За бразилската репрезентација дебитираше во март 2023 година против Мароко. Бетис во првите две кола од шпанската Ла Лига забележа две нерешени средби против Жирона (1:1) и Алавес (0:0).