Екипата на Барселона се соочува со бројни проблеми оваа сезона, а последен во низата е повредата на Хуан Нуњез. Покрај него, предводникот на Каталонците, Жоан Пењароха, не може да смета и на веќе повредените Николас Лапровитола, Јан Весели и Кевин Пантер.

Нуњез со месеци се мачи со повреда на коленото и беше опериран, поради што ќе биде надвор од терените околу шест месеци. Тоа значи дека тој нема да се врати на теренот до крајот на сезоната, а најверојатно ќе го пропушти и претстојниот Евробаскет. Операцијата му беше направена во вторникот попладне, а Барселона без можност за доведување замена ќе ги игра завршницата на АЦБ лигата и Евролигата. Ова е сериозен удар за тимот во борбата за трофеи, а останува да се види како клубот ќе го надомести отсуството на Нуњез.

ИЗДВОЕНИ