Каталонскиот гигант Барселона е во клучната фаза од своето спортско управување. За време на зимскиот преоден рок клубот се фокусираше на обновување на договорите на своите надежни играчи.
Иако еден дел од медиумите ја пласираа и информацијата дека Барса се обидува да ги осигура услугите на фудбалерот на Баерн (М), Јамал Мусијала, таквата вест експресно беше демантирана од спортскиот директор Деко кој објасни и зошто нема вистина во шпекулацијата.
„Клучно е Барса да ја продолжи соработката со своите играчи како Гави и Педро. Тоа се апсолутни приоритети. Двајцата се играчи за иднината, Ханси Флик ги смета за многу важни за својот тим. Двајцата имаат договори до 2026 година, но целта е да останат уште подолго, изјави Деко.
Според FCBarcelonaNoticias, преговорите со двајцата играчи се во напредна фаза. Во случајот со Педри, се очекува договорот да биде продолжен за уште пет години, до 2030 година.
Претставникот на Педри, Хектор Перис, одржа неколку состаноци со Деко за финализирање на деталите. Одборот сака да го затвори договорот наскоро, бидејќи Педри се смета за клучен столб за иднината на Барселона.
Гави исто така е блиску до обезбедување на својот континуитет во Блауграна. Преговорите се во тек, а се очекува тој да ја продолжи соработката. Намерата на Барселона е да обезбеди престој и на двајцата фудбалери кои ќе бидат носители на долгорочниот спортски проект.
Спортскиот директор исто така додаде дека Барселона потпишала со „бројот 10“ кој според неговите зборови е подобар дури и од Мусиала.
Покрај Педри и Гави, нов договор ќе го потпише и Роналд Араухо. Тој имаше договор и до јуни 2026 година, но Жоан Лапорта и Деко успеаја да се договорат со одличниот дефанзивец за продолжување на соработката и Уругваецот ќе остане на „Ноу Камп“ до 2031 година.