Барса подготви 100 мил. евра, но Флик стави вето

2092
epa11803676 FC Barcelona's head coach Hansi Flick attends a press conference after a training session of the team, in Barcelona, Spain, 03 January 2025. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Барселона на лето би требало да има сериозна улога на пазарот за фудбалери бидејќи се очекува конечно да ги реши финансиските проблеми и на тој начин ќе се отвори вратата на каталонскиот клуб да доведе големи засилувања и без проблеми да ги регистрира.

Во шпанските медиуми веќе извесно време се пишува дека примарна задача на челниците на Барселона ќе биде да донесат класичен напаѓач, бидејќи Ханси Флик на таа позиција го има само Роберт Левандовски.

Левандовски игра во одлична форма оваа сезона и веќе потврди дека ќе остане на „Ноу Камп“ најмалку уште една година, но јасно е дека на Каталонците им е потребен уште еден напаѓач за Флик одвреме-навреме да го одмора искусниот Полјак.

Се шпекулираше дека Барса сака да донесе звучно засилување и да вложи големи пари, а на нивната листа на желби наводно се Хулијан Алварез, Дарвин Нуњез и Александар Исак.

Со тоа Барселона би добил помлад напаѓач кој исто така би му бил жестока конкуренција на Левандовски, но се чини дека тоа не му одговара на Флик.

Германецот смета дека Левандовски се уште може да биде прв напаѓач и дека не му треба жестока конкуренција за да создаде проблем и нетрпеливост во тимот, а челниците на Барселона ги советувал што да прават.

„Каталонски Спорт“ пишува дека Флик ставил „вето“ на Жоан Лапорта и Деко и им дал до знаење дека не треба да носат звучно засилување во врвот на нападот и дека можат само да направат непотребен проблем.

Флик призна дека на Барселона и треба уште еден класичен напаѓач, но дека тоа треба да се направи на поинаков начин и дека нема потреба да се трошат 100 милиони евра за еден играч.

Трофејниот стручњак сака напаѓач кој е подготвен да биде резервна опција на Левандовски и кој нема да прави проблеми доколку има помала минутажа.

Исто така, тој е сигурен дека клубот не треба да троши огромни пари за тој напаѓач и дека сумата што сакаа да ја вложат во Алварез, Исак или Нуњез може да ја насочат на други позиции во тимот кои исто така треба да се засилат.

Флик верува дека Барселона треба да го направи истото како што направи пред неколку години кога бесплатно го доведоа Пјер-Емерик Обамејанг, кој имаше полусезона од соништата во Барселона.

ИЗДВОЕНИ