Барса го купува напаѓачот по кој лудува цела Европа

54
epa11820935 Inigo Martinez of Barcelona (C) celebrates with the trophy after winning the final of the Spanish Super Cup, the Supercopa de Espana, between Real Madrid and FC Barcleona in Jeddah, Saudi Arabia, 12 January 2025. EPA-EFE/STR

Барселона со години мака мачи со финансиите и долговите кои најмногу се трупаа во ерата на претходните двајца претседатели, но се чини дека Жоан Лапорта конечно е блиску до решение.

Поради спонзорските договори кои ги договори Барселона, се очекува од летото овој клуб да се врати на правилото 1:1, што Лапорта го потврди на прес-конференцијата, а тоа ќе им овозможи на Каталонците конечно да одиграат сериозна улога на пазарот за фудбалери по повеќе од пет години.

Откако Лапорта успеа да го реши проблемот со регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор, стана јасно дека челниците на клубот веќе се подготвуваат за летниот преоден рок.

Се очекува Барселона да направи голем број звучни трансфери, а веќе е познато кој ќе биде нивната главна мета.

Токму напаѓачот на Спортинг од Лисабон, Виктор Џокереш со своите игри ја воодушеви фудбалската јавност и јасно е дека клубот од Португалија тешко ќе го задржи во своите редови на крајот од сезоната.

Џокереш веќе се поврзува со многу европски гиганти, а наводно Лапорта и Деко се воодушевени од начинот на кој игра и сакаат по секоја цена да го доведат во Барселона.

Исто така, познато е дека Ханси Флик сака уште еден напаѓач во тимот со оглед на тоа што моментално на располагање го има само Роберт Левандовски, а Џокереш сигурно би бил остварување на сонот за германскиот стручњак.

„Ел Национал“ објави дека во Барселона прават се за да го доведат Џокереш на почетокот на летото, а нашле и идеален финансиски начин за реализација на планот.

Имено, Барселона ќе му понуди одредена сума на пари на Спортинг, а во спротивната страна ќе се упати и Витор Роке, кој игра добро на позајмица во Бетис. Роке и летово беше поврзуван со Споринг, кој покажа интерес за Бразилецот, а сега тоа се обидуваат да го искористат во Барселона.

Деко веќе воспоставил контакт со Спортинг, но и со Џокереш, кој наводно сака да ја продолжи кариерата во Барселона.

Овој 26-годишен Швеѓанец постигна дури 32 гола на 30 натпревари за Спортинг оваа сезона, што покажува за каков напаѓач станува збор.

Покрај Барселона, тој е поврзан со многу клубови, а најголем интерес наводно покажале Баерн, Челзи, Манчестер Јунајтед и ПСЖ. Инаку, се очекува покрај Роке, Барселона да му понуди на Спортинг уште 40 милиони евра.

ИЗДВОЕНИ