„Често се вели дека танцот може да го изрази неописливото. Радоста, тагата и очајот стануваат видливи; отелотворени изрази на нашата заедничка кршливост. Во ова, танцот може да разбуди емпатија, да инспирира љубезност и да предизвика желба за лекување, а не за повреда. Особено сега – додека стотици илјади луѓе издржуваат војна, се справуваат со политички превирања и се креваат во знак на протест против неправдата – искрената рефлексија е од витално значење. Тоа е тежок товар што се става на телото, на танцот, на уметноста. Сепак, уметноста е сè уште најдобриот начин да се даде форма на неискажаното, и можеме да започнеме со тоа што ќе се прашаме: Каде е мојата вистина? Како да се почестам себеси и мојата заедница? На кого да одговорам?“, вели танчер и кореограф Михаил Баришников (77)во светската порака по повод Меѓународниот ден на танцот 29. Април.

Баришников е руски и американски балетски танчар, кореограф и актер. Неговото име се спомнува заедно со Рудолф Нуреев и Владимир Василиев како еден од најголемите балетани во историјата. По брилијантниот почеток во Мариинскиот балет во Ленинград, Баришников заминува на турнеја во Канада, по што бара азил и останува во Канада. Потоа преминува во САД и станува главен танчар во Градскиот балет на Њујорк. Подоцна почнува да танцува во Американскиот балетски театар, каде станува и уметнички директор.

ИЗДВОЕНИ