EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Финансиските проблеми никако да ја заобиколат Барселона. Додека нивниот најголем ривал создава пеколен тим, Барселона има сериозни проблеми со доведување засилувања.

Најголем пример за тоа е последниот пример со Нико Вилијамс. По феноменалното издание на Европското првенство, Нико Вилијамс го привлече интересот на бројни клубови. Сепак, 22-годишниот крилен напаѓач реши да ја прифати понудата на Барселона.

Вилијамс веќе почна да бара куќа во Каталонија, но во последните часови се случи најлошото за Барселона. Шпанскиот фудбалер доби многу поголема понуда.

Каталонското радио тврди дека во игра се вклучил и францускиот шампион ПСЖ. Понудата е многу поголема од онаа на Барса.

  • Барселона ги договори личните услови со Нико Вилијамс. Сепак, ПСЖ му даде двојно повеќе пари во изминатите часови и тоа може да го промени неговото мислење, пренесува каталонското радио.

Сега се е до Вилијамс. Од него зависи дали ќе прифати повеќе пари од парискиот клуб или сепак ќе земе многу помалку пари и ќе заврши во Барселона.

Треба да се напомене и дека Атлетик Билбао се уште официјално не ја прифатил понудата. Бројката која се споменува е 50 милиони евра.

Сепак, се очекува баскискиот гигант наскоро да даде зелено светло за трансферот. Сè ќе остави во рацете на Вилијамс, кој сега е на вистински тест.

Од една страна има понуда од тимот што го сака, а од друга многу поголема бројка на неговата банкарска сметка.

Барса сигурно ќе реагира по оваа вест од Париз. Тие сакаат да ги купат Вилијамс и уште еден шпански репрезентативец Дани Олмо. Веќе се во преговори со Ред Бул Лајпциг околу трансферот на Олмо.