Европскиот ракометен шампион, тимот на Барселона, со победа ја почна новата сезона во Лигата на шампионите, откако славеше на гости против Колштад со 35:30. Прв стрелец кај каталонскиот тим беше Мем со шест гола, пред Фраде и Ричардсон со по пет, додека на спротивната страна Сондена и Јонсен запишаа по шест гола.

До победа дојде и дански Алборг, кој беше подобар пред своја публика од француски Нант со 38:31. Арнолдсен имаше симултанка кај Алборг со 11 гола, пред Турин и Бартхолд со по шест реализации, додека кај Нант, Ривера реализира седум пати.

Домашен триумф запиша и Спортинг, кој беше подобар од Висла Плок со 34:29.