Студентите во блокада од белградските универзитети најавија план за прошетка од Белград до Нови Сад, кој ќе го реалозираат на 30 и 31 јануари, со намера да ги поддржат своите колеги од Нови Сад и да ги блокираат сите три моста во тој град во Србија по повод три месеци од трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, кога при падот на настрешницата загинаа 15 лица.
Првичниот собир е утре во 8:30 часот пред Факултетот за драмски уметности, а поаѓањето е еден час подоцна.
Тие ги поканија своите колеги од Белград, Крагуевац и Ниш да им се придружат бидејќи ќе блокираат три моста – Жежељев, Варадински и Мостот на слободата.
Академиците од Белград го потврдија учеството во акцијата на жителите на Нови Сад и преку својот официјален Инстаграм профил најавија дека два дена порано, на 30 јануари, ќе тргнат на протестна прошетка до Нови Сад и ќе им се придружат на своите колеги.
„Студентите од Белград во четврток на 30 јануари тргнуваат на голема протестна прошетка до Нови Сад каде заедно со своите новосадски колеги ќе учествуваат во акцијата. Барањата не се исполнети. Се гледаме наскоро!“, велат белградските студенти.