Општина Аеродром започна со целосна реконструкција на паркот „Бановина“ што се наоѓа во Лисиче. Ова е една од големиот број активности што периодов се спроведуваат на ниво на целата територија за подобрување на инфраструктурата во општината.
-Реконструкцијата на „Бановина“ опфаќа целосна обнова на фонтаната, како на хидрауличниот систем, така и на нејзиниот надворешен изглед. Во нов сјај ќе блеснат и летниковците во паркот коишто претставуваат места за одмор во текот на целата година, а отсега ќе бидат надополнети со шаховски маси за заедничко дружење на сите генерации. За уште попријатен престој на жителите, паркот „Бановина„ ќе добие и ново хортикултурно уредување – соопштија од Општина Аеродром.
Оттаму додаваат дека целосно нови елементи се поставуваат и во детското катче за безгрижна и безбедна игра на најмалите, а заменети ќе бидат и клупите и кантите за отпадоци кои се веќе дотраеини и нефункционални.
Во наредниот период ќе се уреди и црквата што се наоѓа во рамките на паркот, која исто така ќе биде осветена и ставена во функција за верниците.
-Општина Аеродром во периодот што следува ќе ги реконструира сите паркови, со што аеродромци ќе добијат убаво уредени простори во кои ќе уживаат во топлите летни денови – најавија од локалната самоуправа.