Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи, по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, го уапсија В.И.(41) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на положбата одговорно лице, се наведува во соопштението.
Како одговорно лице на експозитура на банка во Шабац, се сомничи дека од јуни до декември годинава, искористувајќи ја својата положба и пречекорувајќи ги овластувањата, подигнал пари од девизните сметки на клиентите на банката, при што прибавил незаконски парична корист од 68.000 евра и 4.000 швајцарски франци, додека на банката и нанел штета во наведениот износ.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде спроведен до надлежното обвинителство.