Пратка со банани од Јужна Америка во кои имало вкупно 95 килограми кокаин случајно завршиле во многу дисконтни супермаркети во западна Германија.
Според обвинителството во Менхенгладбах, дрога била пронајдена во единаесет продавници.
Инспекторите веруваат дека залутаната пратка била испорачана во централен магацин и оттаму била транспортирана преку нормалниот синџир на дистрибуција до одделни продавници.
Властите се уште истражуваат од каде точно е запленетиот кокаин.
Според досега достапните информации и објавени од полицијата, пратката со банани пристигнала на пристаништето во Антверпен по морски пат. Оттаму, стоката што содржи дрога најверојатно по грешка била испратена во дисконтните продавници.
Пратка со дрога во кутии со овошје пред две недели откриле вработени во две продавници во Менхенгладбах и пријавиле во полиција.
Подоцна во текот на истрагата беше откриено дека истиот ден кутии со кокаин биле пронајдени и во продавниците на тој трговски ланец во Дуизбург, Крефелд и општините Вирцен, Хајнсберг и Нојс во Рајнската област.