Возачот на Дукати, Франческо Бањаја победи на трката за Големата награда на САД во Остин. Италијанскиот мотоциклист победи со време од 39:00.191 минута.

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, го освои второто место, со заостанување од 2,089 секунди, додека Фабио ди Џанантонио од VR46 беше трет, со 3,594 секунди заостанување.

Возачот на Дукати и шесткратен светски шампион Марк Маркез излета од патеката во деветтиот круг. Се обиде да продолжи, но на крајот се откажа.

Алекс Маркез е прв во генералниот пласман со 87 бодови, Марк Маркез е втор со бод помалку, додека Бањаја е трет со 75 бода.

Сезоната продолжува во Катар на 13 април.

ИЗДВОЕНИ