Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран на седум километри од Будва, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот е регистриран во 9:18 часот по локално време. Засега нема информации за повредени или материјална штета.