Моментно најдобриот македонски боксер Ален Рустемов (20) забележа одлични резултати изминатата сезона, а со истот темпо продолжува и годинава. Пред Рустемов моментно е и 76 Интернационален турнир „Странжа“, кој ќе се одржи од 22.02 до 03.03 во Софија, Бугарија, на кој ќе учествуваат 25 боксери.
Имајќи ја предвид неговата исклучителна талентираност, спортска подготвеност и издржливост, наградена со многу медали и признанија, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со него, на која беше направена кратка ретроспектива на досегашните достигнувања, но се потенцираа и идните планови, како и поддршката од општината.
Градоначалникот Коњановски, му честита на Рустемов за неговите достигнувања и нагласи дека општината веќе е подготвена да обезбеди поддршка за неговиот личен напредок, но и соодветни услови за тренинзи на сите оние кои сакаат да се занимаваат со овој спорт. Поддршката на Ален Рустемов, во износ од 300.000 денари, беше планирана во буџетот на општината за 2025 година, а за доделување на истата, беше донесена одлука од страна на Комисијата за спорт.
Битолчанецот Ален Рустемовски (20) за успесите во рингот беше награден со 300.000 денари од Општина Битола, а градоначалникот Тони Коњановски, покрај финансиската поддршка од општина Битола, го информираше дека општината на врвот на своите приоритети ја стави и изградбата на боксерската сала, за што веќе се обезбедени финансиски средства, во рамките на 16 – те проекти со кои аплицираше локалната самоуправа и ќе бидат поддржани од Владата на Република Македонија |
Покрај финансиската поддршка од општина Битола, градоначалникот Коњановски го информираше Рустемов дека, општината на врвот на своите приоритети ја стави и изградбата на боксерската сала, за што веќе се обезбедени финансиски средства, во рамките на 16 – те проекти со кои аплицираше локалната самоуправа и ќе бидат поддржани од Владата на Република Македонија.
Тоа ќе биде место за тренинг и подготовка на битолските и македонските боксери и ќе биде изграден на просторот на стариот боксерски клуб, веднаш до стадионот „Петар Милошевски“.
Градоначалникот Коњановски, нагласи и дека ваквите млади таленти, не само што треба да добијат поддршка, туку и активно треба да бидат вклучени во планирањето и реализацијата на спортските активности и програми. Токму затоа, Ален Рустемов, доби предлог од градоначалникот да биде вработен во општина Битола, како лице со обврски и задолженија во спортските објекти со кои управува општината.
Рустемов, меѓудругото освои златен медал на Балканското првенство за сениори во Лозница, Србија, стана државаен првак, а Федерацијата го прогласи за најуспешен сениор во 2024 година. Без пораз ја заврши сезоната во Првата бокс лига на Македонија, како и Опен Балкан купот, каде што настапуваат боксери од Македонија, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина. Ален учестуваше и на Европско првенство за сениори во Софија, Бугарија, а потоа освои злато на Меѓународниот боксерски турнир Гранд при Загреб и златен медал и на Меѓународниот турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово, при што беше прогласен за најдобар боксер на турнирот.
Награда од 150.000 денари и за најдобриот македонски моторциклист Христијан Илиовски
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, освен наградата од 300.000 денари за најдобриот македонски боксер Ален Рустемов, го награди македонскиот моторциклист Христијан Илиовски со 150.000 денари.
Илиовски е член на Мото Клубот „Пелистер“ и член на Мотоциклистичката Федерација на Македонија. Тој е национален шампион 13 години, но и трикратен добитник на наградата златна кацига.
Во неговата спортска активност евидентирани се и повеќе вице шампионски и шампионски достигнувања во БМУ Европскиот шампионат, каде бил единствен Македонец кој се квалификувал на Светско првенство, носејќи ги првите поени за Македонија во 2012 година и највисок резултат трето место на Европското првенство во 2016 година.
Оваа сезона во Европскиот БМУ Шампионат се одржаа 12 натпревари со што го освои првото место и златен медал на шампионатот.
Градоначалникот Коњановски, честитајќи ги досегашните успеси на Илиовски, рече дека локалната самоуправа, ќе продолжи да дејствува како поддржувач на успешните спортисти, на тој начин овозможувајќи нови достигнувања на нашите спортисти, но и поттикнување на спортскиот развој на младите генерации.