Си ја отвори душичката!
– На Лепа Брена ѝ пречеше што ја споменувам Драгана Мирковиќ, нејзината силна конкуренција, со која јас имам прекрасна соработка. Драгана ми даде интервју за мојот филмот, а Лепа Брена ме откачи! Пред тоа, соработувавме со Лепа Брена во нејзиниот хит-филм, „Хајде да се волимо“
Танчарот Ѓоле Ѓогани, кој сè уште важи за еден од најзгодните на естрадата и кој е со албанско потекло (вистинското име му е Хамит Ѓогај), со години е на врвот од топ-листите со голем број хитови, од кои, секако, најслушан е хитот „Нема веќе циле-миле“. Токму таква порака, како од песната, неодамна ѝ упати на својата естрадна колешка Лепа Брена, сакајќи да ѝ порача дека доста се замајува со неговата трпеливост.
– Многу чудна жена е таа Лепа Брена. Не верував во тоа, иако и другите ми го кажуваа истото, меѓу кои и голем број новинари. Сега, самиот се уверив во нејзината препотентност, но само кога не е на сцена.
Ѓоле имаше долгогодишна соработка со Лепа Брена. Долго време правеше кореографии за неа, соработуваа и за хит-филмот „Хајде да се волимо“.
Тој е буквално разочаран од Лепа Брена, која никогаш не сакаше да другарува со него.
– Лепа Брена секогаш се држеше на дистанца од мене. Мислам дека тоа потекнува уште од она време кога изјавив за „Гранд“. Споменав многу пејачи, меѓу кои: Дадо Полумента, Бобан Рајовиќ, Оља Карлеуша, но не ја споменав неа. Тогаш почна нејзината нетрпеливост кон мене. Затоа бев принуден да го исфрлам оној дел во мојот документарен филм „Живот и сцена“, на кој работев шест години, во кој се зборува и за Лепа Брена. Не заслужи. И не само тоа. На Лепа Брена најмногу ѝ пречеше што ја споменувам Драгана Мирковиќ, нејзината силна конкуренција, со која јас имам прекрасна соработка. Драгана ми даде интервју за мојот филм, а Лепа Брена ме откачи!
Сепак, Ѓогани не е злопамтило. На повикот од Лепа Брена да раскаже некоја приказна за неа во филмот „Години на сладок грев“, тој со задоволство се одзвал.
– Во тој филм, Лепа Брена има покането околу 50 свои естрадни колеги. Сите оние што ја обележаа нејзината кариера и со кои соработуваше. Јас не ја откачив како таа мене. Одговорив.
Ѓогани не разговара со Лепа Брена ниту кога ќе се сретнат на некој настап.
– Немам муабет со госпоѓата. Премногу е „умислена“, иако е ѕвезда. Нејзиното височеството е, можеби, повредено, но не треба така да се однесува. Не само со мене туку и со обожавателите. Никогаш не останува по концерт да се дружи со оние што направиле да може да има луксузен живот. Место да се сети колку беше сиромашна, исто како мене. Двајцата успеавме благодарение на публиката. Малку да ме поддржеше, сепак колеги сме, па да речеше: „Ѓоле, убаво е тоа што го работиш, ајде малку заеднички да го поттурнеме тоа твоето“. Ќе беше пријателски од нејзина страна – многу разочарано констатира популарниот танчар. Тој е долги години во среќниот брак со пејачката Весна.
Тој и покрај се, воедно ѝ честита на Лепа Брена и на нејзиното огромно богатство со голем број недвижности. – Не сум воопшто љубоморен. Убаво е кога некој на чесен начин ќе ги заработи парите. Кога наскоро ќе замине во пензија ќе ужива каде што ќе посака.
А, пејачката има колку што душата ѝ сака. Таа се обезбеди себеси и на своите синови со вистинско материјално богатство. Вилата во Белград на Бежаниска Коса на Лепа Брена и нејзиниот сопруг легендарниот поранешен тенисер Боба Живојиновиќ вреди цели 2,5 милиони евра. Брачната двојка има и стан во една од најскапите згради во Будва. Поседуваат и луксузна јахта која чини неверојатни 6.000.000 евра. Имаат и голема куќа во Мајами, на Флорида. Имотот вреди повеќе од 900.000 евра, и има над 400 метри квадратни. Славната пејачка со сопругот Боба имаат и многу скап стан во Монте Карло во Кнежевство Монако од 150 квадрати, кој е создаден од две кујни, огромна тераса со поглед на Азурниот брег, раскошна спална соба и три соби за гостите. Д.М.