Откако повторно стана прва дама на Америка, јавноста будно ја следи Меланија Трамп, која доаѓа од екс-југословенските простори, поточно од Словенија.
Една од работите што ја забележа секој Балканец е еден интересен детал – „обележје“ на секој кој живеел во времето на Југославија. Имено, Меланија на инаугурацијата носеше фустан без ракави, при што во сечие око „падна“ препознатливата лузна на раката од вакцината против сипаници, која беше задолжителна во сите земји од поранешна Југославија кога првата дама на САД била мала.
Многумина на социјалните мрежи посочија на, како што го нарекуваат, „жигот на Југославија“.
„Жигот на Југославија“, стои во натписот покрај сликата на Меланија и Трамп од балот, а како што беше очекувано, многу Балканци побрзаа да остават свој коментар.
„Произведено во Југославија“, напиша друг.
„Вакцинирана“, „Препознатлив квалитет“, „Титовиот чип“, се само дел од коментарите.
Југос од километар ќе го познаеш по вакцината 😂😂😂 pic.twitter.com/Z5Rny5njOR
— Командант Марк (@milanzng) January 23, 2025