„Балансерот“ замина во историјата

Уставниот суд ја укина алатката за вработување по национална припадност

57

 

 

Уставниот суд го укина ,,балансерот,, алатка која диктираше национална припадност на огласите за вработување во државната администрација. Одлуката според судот ќе важи во иднина, што значи дека нема да се поништат огласите пред ставање на времената мерка откако највисокиот суд поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста.

Судиите расправаа по иницијатива поднесена од страна на Антикорупциска во која оспоредни беа делови од законот во кој припадноста на заедницата беше услов  за пополнување на секое работно место.

Уставните судии расправаа за тоа дали на  кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста , односно дали со „балансерот“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува  уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Одлуката на судот ги подели ставовите во политичкиот блок, Биљал Касами од коалицијата Вреди изјави дека за ,,балансерот,, и за упореба на албанскиот јазик ќе се носи ново законско решение. Претходно Изет Меџити изјави дека механизмот е девалвиран и со неговото укинување албанците во земјава не губат ништо.

ДУИ пак одлуката ја оценија како почеток на уништувањето на меѓуетничките односи, што ќе отвори нови проблеми, кои, како што наведоа од партијата, ќе доведат до рушење на основните темели на Охридскиот договор.

Министерот за администрација Минчев неколку пати изјави дека алатката се злоупотребува односно Македонци се пишуваат Албанци или Роми и обратно.