„Бакнеж во воздух“ – извежбан гест за во јавност? Eксперт за говор на телото анализираше снимка од Доналд Трамп и Меланија/ВИДЕО

584
EPA-EFE/SARAH YENESEL

Претседателскиот пар, Доналд Трамп и Меланија Трамп, се под лупа на јавноста, а нивниот „бакнеж во воздух“, како што го нарекуваа корисниците на социјалните мрежи во тоа време, стана вирален по инаугурацијата. Сега интернетот е преплавен со ново видео – снимено откако претседателот на Америка и првата дама се вратија од погребот на папата Франциск.

Видеото повторно е главна тема на социјалните мрежи, а Меланија и Доналд Трамп беа снимени на аеродромот, по враќањето од Рим, каде што присуствуваа на погребот на папата Франциск.

Многумина веруваат дека односот меѓу претседателската двојка е ладен и резервиран, а дури и најмалиот знак на нежност што станува јавен е предмет на анализа и дискусија на социјалните мрежи.

Експертот за говор на телото Џуди Џејмс анализираше снимки од аеродром во Америка по слетувањето од Рим, кога Доналд и Меланија го повторија бакнежот „во воздух“ пред да тргнат по своите одделни патишта – Меланија кон својот автомобил, а Трамп кон неговиот.

Џуди верува дека бакнежот бил иницијатива на Меланија, како таа да го охрабрила и го извршила, што предизвика нова дебата – кој всушност е задолжен за нивната врска и колку се спонтани или извежбани нивните гестови за јавноста?

„Сигурна сум дека имаат договор“, „Оди кај дечко ѝ“, „Видоа дека ги снимаат, па решија да се бакнат“, „Дали воопшто се познаваат?“, „Не може да го поднесе!“ се само дел од коментарите на ова видео на TikTok.

@emilylgoodin Donald and Melania Trump part ways after arriving in the US from Pope’s funeral #trump #donaldtrump #melaniatrump #popefrancis #popefuneral #behindthescenes #president ♬ Pretty Girls Walk – Big Boss Vette

ИЗДВОЕНИ