Бајден заспа на средбата со африканските лидери/ВИДЕО

101
screenshot Youtube

Џо Бајден (82) се чини дека накратко заспа за време на состанокот со африканските лидери. Американскиот претседател беше во Ангола, а на средбата со претседателот на Ангола и неговите колеги од Замбија и Демократска Република Конго изгледаше многу уморно.

За време на говорот на Филип Мпанго, потпретседателот на Танзанија, Бајден ги затвори очите и ја стави раката на лицето. Изгледаше како да спие. Потоа ги отвори очите, но тоа не траеше долго бидејќи повторно ги затвори.

За време на посетата на таа земја, Бајден најави изградба на железнички коридор вреден 2,5 милијарди долари, кој ќе ја поврзе Африка. Америка и нејзините сојузници инвестираа значителни ресурси во обновата на железничката линија што ги поврзува Замбија, Конго и Ангола.

Бајден изјави дека „Африка е предолго запоставена, но тоа веќе нема да биде така, бидејќи Африка е иднината“.

Бајден најави дека до крајот на деценијата, железницата би можела да ги поврзе западниот и источниот брег на јужна Африка, што ќе го забрза транспортот, кој траеше 45 дена до помалку од 45 часа.

Тој, исто така, рече дека сака да го искористи проектот за да се спротивстави на зголеменото влијание на Кина во Африка, имајќи предвид дека Кина веќе има големи инвестиции во рударството и преработката на минерали.

ИЗДВОЕНИ