Бајден му додели на папата Франциск Претседателски медал на слободата

17

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа телефонски разговараше со папата Франциск и притоа му соопшти дека му доделил „претседателски медал на слободата“ со дистинција – соопшти Белата куќа.

Бајден претходно овој месец вакви Претседателски медали на слободата им додели на 19 лица, но ова е првпат во неговиот мандат да го додели медалот „со дистинкција“, што е повисоко ниво на Претседателскиот медал на слободата.

„Претседателскиот медал на слободата е највисокото цивилно признание на нацијата, доделено на поединци кои дале исклучителен придонес за просперитетот, вредностите или безбедноста на САД, светскиот мир или други значајни општествени, јавни или приватни потфати“ – се наведува во соопштението на Белата куќа.

Оваа недела Бајден го откажа патувањето во Рим, каде што требаше лично да се сретне со папата, поради катастрофалните пожари во Калифорнија.

ИЗДВОЕНИ