Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, најави проштална прес-конференција за среда во 20 часот по локално време, пишува „NBC News“. Бајден ќе се „прости“ од својот мандат пет дена пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој по четиригодишна пауза се враќа во Белата куќа.
Бајден ќе и се обрати на јавноста и на медиумите во среда во 20 часот по локално време, односно во 6 часот по средноевропско време. Инаку, да потсетиме, тој среде кампања се откажа од претседателската трка.
Тој беше заменет со Камала Харис. Таа беше поразена на претседателските избори, кои се одржаа на 5 ноември 2024 година, од Доналд Трамп.