Бајден ги укина смртните казни за 37 од 40 затвореници

85

Претседателот во заминување е голем противник на смртната казна, за разлика од Доналд Трамп, кој ќе го наследи во Белата куќа во јануари 2025 година.

На почетокот на декември, Бајден им ги ублажи казните на речиси 1.500 луѓе и помилува 39 осудени за ненасилни злосторства.

Тој го помилува и својот син Хантер Бајден, кој беше прогласен за виновен и чекаше пресуда во два случаи.

Во септември тој се изјасни за виновен за даночни прекршоци, а во јуни беше осуден за нелегална употреба на дрога и поседување огнено оружје.

Според американскиот Устав, претседателот има широкo „овластување да ги одложува или помилува оние што се осудени за прекршоци против Соединетите држави, освен во случаи на импичмент“.

Смртната казна беше укината на државно и федерално ниво во 1972 година со одлука на Врховниот суд.

Сепак, четири години подоцна, Врховниот суд и дозволи на секоја американска држава да ја врати смртната казна.

Потоа, во 1988 година, беше донесен закон со кој повторно се овозможи извршување на смртна казна за федералните осуденици.