EPA-EFE/Biel Alino

Трикратниот шампион во Мото ГП шампионатот, Франческо Бањаја, покажа дека нема конкуренција кога е во прашање трката за Големата награда на Холандија.

Трката која се возеше на патеката во Асен помина во знакот на италијанскиот возач, кој со својот Дукати победи и трета година по ред на ова место. На подиумот се искачи и Хорхе Мартин од Прамак, додека Бастианини го зазеде третото место. Зад нив низ целта поминаа Марк Маркес, Ди Џианантонио, Вињалес…

За Бањаја ова е 23 победа во кариерата, со која му се доближи во генералниот поредок на Хорхе Мартин и сега има десет бода помалку (190).

Наредна трка во календарот на Мото ГП шампионатот ќе се вози следниот викенд во Германија.