Италијанскиот возач на Дукати, Франческо Бањаја е победник на трката од Мото ГП шампионатот за Големата награда на Јапонија на патеката Мотеги. Бањаја стигна до осмата победа сезонава со резултат 42:09.790. Второто место го освои шпанскиот возач на Прамак, Хорхе Мартин, со заостанување од 1,189 секунди од победникот, додека трет низ целта мина Шпанецот Марк Маркез, од тимот на Гресини, кој заостана 3.882 секунди зад Бањаја.
Motegi masterpiece completed! ✅
Second victory of the weekend for @PeccoBagnaia who closes the gap with Martin to JUST 10 points! 🏆🤏#JapaneseGP 🇯🇵 pic.twitter.com/EP8mal1J4I
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 6, 2024
Првото место во генералниот пласман кај возачите го држи Хорхе Мартин со 392 бода, додека Бањаја е втор со 382.
The gap keeps getting smaller 🤏
Only 10 points between @88jorgemartin and @PeccoBagnaia 🤩#JapaneseGP 🇯🇵 pic.twitter.com/i10YFJZb5U
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 6, 2024
Следната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози на 20 октомври за Големата награда на Австралија.